Во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепката за Европскиот Куп во женска конкуренција.
Македонија ќе има три претставници во Европскиот Куп, а тоа се: Ѓорче Петров, Куманово и Чаир.
Екипата на Ѓорче Петров ќе игра против тимот на Тиват од Црна Гора, додека Куманово ќе игра против тимот на Херцогенбуше од Швајцарија, а составот на Чаир ќе игра против Венло од Холандија.
Првите натпревари од второто коло се закажани за на 23 и 24 септември, додека реваншите се седум дена подоцна.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷