Ѓорче Петров лесно се справи со Деспина во Прилеп

Екипата на Ѓорче Петров забележа лесна победа против тимот на Деспина со високи 36-19 во Женската Супер лига.

Тимот на Ѓорче Петров од почетокот на натпреварот го презеде водство, па на пауза замина со високи 17-7. Во второто полувреме Ѓорче Петров продолжи со добрата игра, за на крај да слави со висока разлика против Деспина.

Најдобар стрелец во тимот на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со осум гола, додека кај екипата на Деспина најдобар стрелец беше Михаела Петреска со пет гола.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.