Ѓорче Петров лесно се справи со тимот на Спартак

Ракометарките на Ѓорче Петров остварија висока победа против ракометарките на Спартак со убедливи 55-13 во Женската Супер лига.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме, кога на полувреме Ѓорче Петров имаше високи 26-7.

Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Стефанија Ѓорѓиевска со 13 гола, додека кај Спартак најефикасна беше Надица Максимовска со 8 гола.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *