Екипата на Ѓорче Петров забележа победа против екипата на Пелистер со високи 38-13 во Женската Супер лига.
Составот на Ѓорче Петров уште во првото полувреме имаше високо водство од 18-7, па така во второто полувреме ја потврди високата победа против Пелистер.
Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров беа Армина Исиќ и Теодора Дукоска со по пет гола, додека кај Пелистер најефикасна беше Анастасија Тодоровска со четири гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








