Во наредната фаза од Купот на Македонија пласман обезбедија екипите на Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Деспина, Овче Поле Славјански Универзитет и Куманово.
Ѓорче Петров беше убедлив против Спартак со 44-22. Металург Автокоманда беше сигурна против Скопје со убедливи 53-27.
Екипата на Куманово ја совлада Стружанка со 37-29. Деспина оствари победа против Шампион со 30-19. Овче Поле Славјански Универзитет го совлада тимот на Астибо со резултат 38-21.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷