Екипата на Ѓорче Петров го совлада тимот на Чаир со резултат 38-30 во натпревар од 4. коло од плеј-офот во Женската Супер лига.
Ѓорче Петров од почетокот на натпреварот имаше водство, па на пауза замина со предност од 19-15. Во второто полувреме на теренот доминираше екипата на Ѓорче Петров, и така стигна до победа против Чаир.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Ангела Јанкуловска со девет гола, додека кај екипата на Чаир најефикасни беа Амела Џакмиќ и Марија Николовска со по шест гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷