Екипата на Ѓорче Петров забележа висока и убедлива победа против екипата на Астибо со конечни 43-19 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Тимот на Ѓорче Петров победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше водство од 26-11.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со 14 погодоци, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Марија Анчева со 8 погодоци.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷