Екипата на Ѓорче Петров забележа висока победа против екипата на Куманово со конечни 42-20 во Женската Супер лига.
Составот на Ѓорче Петров во текот на целиот натпревар имаше контрола на резултатот, па на крај да го совлада Куманово.
Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров беа Катерина Дамјаноска, Марија Гугуљанова и Емилијана Ризоска со по шест гола, додека кај екипата на Куманово најефикасна беше Маријана Азеведо со седум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








