Екипата на Ѓорче Петров забележа победа против екипата на Вардар со конечен резултат од 33-29 во Женската Супер лига.
На полувреме беше нерешено со 16-16. Во второто полувреме Ѓорче Петров го презеде водството, па на крај да се радува на победа против Вардар.
Најефикасна кај Ѓорче Петров беше Ана Марија Коларовска со пет гола, додека кај Вардар најефикасна беше Бојана Коцева со осум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷