Екипата на Ѓорче Петров со победа се враќа од гостувањето во Струга кај екипата на Стружанка со конечни 21-27 во плеј-офот во Супер лигата.
Ѓорче Петров добро го започна натпреварот и на пауза имаше минимални 11-12. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Ѓорче Петров за на крај да се радува на победа против Стружанка.
Најефикасна во екипата на Ѓорче Петров беше Милица Николиќ со десет погодоци, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Магдалена Делиоска со девет погодоци.
(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷