Составот на Ѓорче Петров забележа победа во дерби натпреварот против Металург Автокоманда со резултат 28-21 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Иако на полувреме Ѓорче Петров имаше минимално водство од 13-12, сепак во второто полувреме со добра игра славеше против Металург Автокоманда.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Ивана Дежиќ со 11 гола, додека кај Металург Автокоманда најефикасна беше Марија Јанкуловска со 5 гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷