Во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепка за двојките во Лигата на Европа во женска конкуренција.
Македонскиот тим Ѓорче Петров ќе стартува од второто квалификациско коло против екипата на Хорс од Шведска.
Првиот натпревар Ѓорче Петров го игра на гостински терен на 5/6 октомври, додека реваншот е една недела подоцна на 12/13 октомври.

(фото – ЕХФ)📷