Ракометарките на Ѓорче Петров остварија лесна победа на домашен терен против Деспина со 29-22 во плеј-офот од Супер лигата.
Од почетокот на натпреварот Ѓорче Петров имаше водство, и на пауза замина со предност од 18-7. Во вториот дел продолжи добрата игра на Ѓорче Петров за на крај да забележи победа против Деспина.
Најефикасна во екипата на Ѓорче Петров беше Милица Николиќ со шест гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Ангела Камческа со четири погодоци.
(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷