Ѓорче Петров сигурен против Гевгелија

Ракометарките на Ѓорче Петров славеа против екипата на Гевгелија со високи 51-17 во Женската Супер лига.

Тимот на Ѓорче Петров уште на полувреме имаше висока предност 31-10, па така немаше проблеми околу победата против Гевгелија.

Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Ана Марија Коларовска со десет гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Симона Динева со девет гола.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести