Тимот на Ѓорче Петров забележа победа против тимот на Овче Поле Славјански Универзитет со 39-20, и се одјави од есенскиот дел.
Ѓорче Петров од почетокот на натпреварот успеа да направи водство, за на пауза да замине со предност од 16-10. Второто полувреме беше само формалност екипата на Ѓорче Петров да ја завери победата против Овче Поле Славјански Универзитет.
Најефикасна во тимот на Ѓорче Петров беше Симона Василева со седум гола, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Елена Вучевска исто така со седум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷