Ракометарките на Ѓорче Петров славеа победа против ракометарките на Хорс со 26-19 во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа, но не се пласираа во наредната фаза поради негативата од осум погодоци на првиот натпревар.
На полувреме Ѓорче Петров имаше водство од 13-12. Во второто полувреме продолжи водството на Ѓорче Петров, па на крај да слави против Хорс.
Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров се истакнаа Дежиќ со десет гола и Муратовиќ со осум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷