Ѓорче Петров со висока победа против Овче Поле Славјански Универзитет

Екипата на Ѓорче Петров забележа висока победа против Овче Поле Славјански Универзитет со 35-17 во Женската Супер лига.

Тимот на Ѓорче Петров од почетокот на натпреварот диктираше темпо, па така немаше проблеми околу победата против Овче Поле Славјански Универзитет.

Поради три исклучувања, црвен картон заработи ракометарката на Овче Поле Славјански Универзитет, Наталија Манева.

Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со десет погодоци, додека кај Овче Поле Славјански Универзитет најефикасни беа Елена Вучевска и Јована Конева со по пет погодоци.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести