Ракометарките на Ѓорче Петров славеа на гостувањето кај екипата на Чаир со 25-30 во плеј-офот во Женската Супер лига.
Чаир добро го започна натпреварот и на полувреме имаше предност од 11-9. Во вториот дел од натпреварот падна играта на Чаир, и Ѓорче Петров го искористи тоа до крај.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Милица Николиќ со девет гола, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Теодора Гулицоска со седум гола.
(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷