Ракометарките на Ѓорче Петров продолжуваат со победите во плеј-офот од Женската Супер лига, откако ја совладаа екипата на Куманово со 28-19.
Иако Куманово се обидуваше да парира, сепак на крај бодовите останаа за екипата на Ѓорче Петров.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Анастасија Николовска со осум гола, додека кај Куманово најефикасна беше Сузана Зечевиќ со шест гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷