Екипата на Ѓорче Петров забележа победа на домашен терен против Металург Автокоманда со конечни 31-27 во Женската Супер лига.
Иако на полувреме беше нерешено со резултат 15-15, сепак во второто полувреме Ѓорче Петров со добра игра стигна до победа против Металург Автокоманда.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со осум гола, додека кај Металург Автокоманда најефикасна беше Сузана Зечевиќ со седум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷








