Ѓорче Петров триумфираше против Чаир и со победа ја заврши сезоната во плеј-офот во Женската Супер лига

Екипата на Ѓорче петров забележа победа против тимот на Чаир со резултат 33-31 во натпревар од последното коло од плеј-офот во Женската Супер лига.

Тимот на Ѓорче Петров во текот на целиот натпревар беше во водство, па така тоа водство го сочува до крај.

Најефикасна во тимот на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со 12 гола, додека кај екипата на Чаир најефикасни беа Теодора Гулицоска и Сашка Филипоска со по 7 гола.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести