Екипата на Ѓорче Петров забележа висока и убедлива победа против екипата на Астибо со конечен резултат 43-19 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Ѓорче Петров победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше предност од 23-10.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Алмеида со 10 гола, додека кај Астибо најефикасна беше Анчева со 13 гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷