Екипата на Ѓорче Петров забележа убедлива победа против тимот на Деспина со убедливи 43-15 во првото коло од Супер лигата.
Ѓорче Петров направи добра разлика во првото полувреме, па на пауза замина со високи 24-8. Во второто полувреме Ѓорче Петров ја завери високата победа против Деспина.
Најефикасна во тимот на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со десет гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Михаела Петреска со шест гола.
(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷