Екипата на Ѓорче Петров забележа висока и убедлива победа против екипата на Деспина со резултат 43-13 во натпревар од Женската Супер лига.
Тимот на Ѓорче Петров во текот на целиот натпревар го имаше водството, за на крај да слави со висока разлика против Деспина.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со десет гола, додека кај Деспина најефикасна беше Андреа Конеска со пет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷