Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа висока и убедлива победа против Деспина со резултат 32-17 во Женската Супер лига.
Иако во првото полувреме Деспина парираше, но сепак на крајот бодовите ги освои тимот на Ѓорче Петров.
Најефикасни кај Ѓорче Петров беа три ракометарки со по шест гола, а тоа се Дежиќ, Кадиату и Муратовиќ, додека кај Деспина најефикасни беа Гичева и Цветкоска со по пет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷