Екипата на Ѓорче Петров забележа убедлива победа против КА Тор од Исланд со високи 34-23 и се пласираа во третото коло од женскиот Европски Куп.
Ѓорче Петровки имаа на полувреме предност од 16-8. Второто полувреме беше само формалност Ѓорче Петровки да ја заверат победата против КА Тор од Исланд.
Најефикасна во екипата на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со десет погодоци, додека кај екипата на КА Тор најефикасна беше Соареш со седум погодоци.

(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷