Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа убедлива победа против ракометарките на Куманово со високи 33-19 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Екипата на Ѓорче Петров во текот на целиот натпревар го имаше водството, па на крај да слави победа против Куманово.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Ана Вранчиќ со осум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасна беше Сузана Зечевиќ со десет гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷