Ѓорче Петров убедлив против Пелистер

Ракометарките на Ѓорче Петров убедливи против Пелистер со 36-21 во плеј-офот во Супер лигата.

Ѓорче Петров добро го започна натпреварот, и на полувреме замина со предност од 17-12. Во вториот дел продолжи добрата игра на Ѓорче Петров за на крај да слави убедлива победа против Пелистер.

Најефикасна во екипата на Ѓорче Петров беше Милица Николиќ со десет погодоци, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Кристина Наумовска со четири погодоци.

(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.