Екипата на Ѓорче Петров забележа победа против тимот на Тиват со резултат 43-22 во натпревар од Европскиот Куп.
Ѓорче Петров доминираше на теренот во текот на целиот натпревар, па тимот на Тиват немаше сили да му парира.
Најефикасна во тимот на Ѓорче Петров беше Ана Марија Коларовска со десет гола, додека кај екипата на Тиват најефикасна беше Кристина Арсенијевиќ со шест гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷