Екипата на Ѓорче Петров забележа висока и убедлива победа против екипата на Шампион со конечен резултат 64-12 во Женската Супер лига.
Тимот на Ѓорче Петров победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше висока предност од 30-4.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров беше Емилијана Ризоска со 13 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасни беа Ана Ристевска и Мила Филипова со по три погодоци.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷