Екипата на Ѓорче Петров е шампион на Македонија во женската пионерска лига и ја одбрани титулата што ја освои и минатата сезона.
Ракометарките на Ѓорче Петров во финалето беа подобри од ракометарките на Деспина со убедливи 25-14.
Во натпреварот за 3-то место Скопје 2020 славеше против Стружанка со 19-17. Првото место го освои Ѓорче Петров, второ место Деспина, трето место Скопје 2020 и четврто место освои екипата на Стружанка.
Најдобар стрелец на турнирот е Јана Петровска од екипата на Ѓорче Петров, додека најдобар голман исто така доаѓа од екипата на Ѓорче Петров, а тоа е Зорица Хасаноска. За најкорисен играч на Ф4 беше прогласена ракометарката на Скопје, Стефани Ристиќ.


(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷