Ракометарките на Ѓорче Петров 2 забележаа победа против ракометарките на Стружанка со резултат 28-20 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Тимот на Ѓорче Петров 2 и на полувреме имаше водство од 11-9, па така продолжи со водството и во второто полувреме за на крај да слави против Стружанка.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров 2 беше Кристина Наумовска со 16 гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Ивана Затуроска со 8 гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷