Екипата на Ѓорче Петров 2 забележа победа на пенали против Вардар во Купот на Македонија со резултат 29-28.
Регуларниот дел меѓу екипите на Ѓорче Петров 2 и Вардар заврши нерешено со конечни 26-26, па натпреварот се решаваше на пенали.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров 2 беше Бојана Ѓеорѓиевска со 12 гола, додека кај Вардар најефикасна беше Леона Миленкоска со 10 гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷








