Ѓорче Петров 2 се избори за нерешено против Пелистер

Екипата на Ѓорче Петров 2 се избори за нерешено на гостувањето кај екипата на Пелистер со конечни 25-25 во плеј-аутот од Женската Супер лига.

Иако на полувреме Пелистер имаше водство од 17-12, сепак во второто полувреме Ѓорче Петров 2 се избори за реми.

Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров 2 беше Антонела Ѓероска со шест гола, додека кај екипата на Пелистер најефикасна беше Моника Босилковска со осум гола.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *