Екипата на Ѓорче Петров 2 забележа висока и убедлива победа против Шампион со конечни 39-18 во плеј-аутот од Женската Супер лига.
Составот на Ѓорче Петров 2 уште на полувреме имаше високо водство од 15-8, па така во второто полувреме ја завери високата победа против Шампион.
Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров 2 беше Мирјана Наумоска со девет гола, додека кај Шампион најефикасна беше Марија Бојковска со седум гола.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷