Ѓорче Петров 2 убедлив против Шампион во Женската Прва лига

Екипата на Ѓорче Петров 2 забележа висока победа против екипата на Шампион со убедливи 38-7 во Женската Прва лига.

Составот на Ѓорче Петров 2 победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога водеше со убедливи 20-2.

Најефикасна во редовите на Ѓорче Петров 2 беше Јана Бошковска со осум гола, додека кај Шампион најефикасни беа Михаела Добревска, Јована Васовска, Викторија Димеска, Илхана Вукељ, Катерина Тошеска, Клара Тодоровска и Катја Маркоска со по еден гол.

(фото – ЖРК Ѓорче Петров 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *