Тимот на Младост Богданци продолжува да вложува во своите млади играчи од својата школа кои се иднината на клубот.
Управата на тимот потпиша договор со младиот ракометар Ѓорѓе Атанасов, кој настапува на позицијата десно крило. Атанасов потпиша договор на четири години.
Се работи за најмладото десно крило во Првата лига роден 2007 година а воедно и пионерски репрезентативец на Македонија кој клубот оваа година како тинејџер го уфрли и му даде шанса за настап во сениорскиот тим.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷