Ѓорѓе Банцалиски во новата сезона ќе има нов клуб, откако тој потпиша едногодишен договор со тимот од Холандија, Динамико.
Банцалиски има 20 години и настапува на позицијата среден бек, претходно тој настапуваше за екипите на Младост од Богданци и Партизан Гевгелија.
Македонскиот интернационалец дебитираше во дресот на холандскиот тим Динамико на пријателските натпревари против екипата на Пелт каде постигна седум погодоци и против екипата на Бохолт каде имаше осум погодоци.



(фото-Инстаграм/Ѓорѓе Банцалиски)📷