Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе судат на Олимписките игри 2024 година што ќе се одржат во Париз (Франција).
Позади себе Ѓорѓи Начевски и Славе Николов имаат судено на врвни натпреварувања како финале на Олимписките игри во Токио 2021, Светското првенство во Шведска во 2022 година, финалето на Светското првенство во 2023 година во Унгарија, Шведска и Австрија, како и полуфиналето на Европското првенство во 2024 година во Германија и како круна, финалето во Лигата на шампионите оваа година.
За македонските судии Начевски и Николов ова ќе биде четврта Олимпијада, по Лондон, Рио и Токио.
(фото – Фејсбук/Македонски Олимписки Комитет)📷