Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите за дербито меѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер во натпревар од 8. коло од Супер лигата.
Судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат овој натпревар, додека делегати ќе бидат Ацо Николовски и Марјан Начевски.
Натпреварот меѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 22 октомври во вторник со почеток од 19:00 часот во салата “Автокоманда”.
(фото – Архива)📷