Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за 13. коло од групната фаза од Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Киелце и Нант.
Натпреварот меѓу екипите на Киелце и Нант ќе се одигра на 26 февруари со почеток од 20:45 часот, додека делегат ќе биде Јован Попадиќ од Србија.
(фото – Архива)📷