Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за 12. коло од групната фаза од Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот меѓу Магдебург и Алборг.
Овој натпревар ќе се одигра на 19 февруари со почеток од 20:45 часот во салата “Гетек Арена’, во Германија.
(фото – Архива)📷