Пред натпреварот со Мелсунген, од екипата на Вардар одржаа и прес конференција на која ракометарот на тимот Јака Малус ги кажа очекувањата од овој меч.
„Сите знаеме што е екипата на Мелсунген, но мислам дека после мечот во Автокоманда покажавме дека имаме карактер, после еден пораз не паднавме, не сме заборавиле да играме ракомет. Мораме да одиме на победа, заслужуваме да имаме полна сала, со таква атмосфера ќе ни биде полесно. Екипите во Германија не знаат што значи ваква атмосфера, да ни помогнат и да победиме на мечот и да направиме чекор кон нашата цел,” – изјави Јака Малус.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








