Екипата на Скопје, која ги започна подготовките за новата сезона со неколку засилувања, во своите редови донесе нова ракометарка.
Станува збор за младата ракометарка од ЖРК Делчево, Јана Петровска, која ќе биде дел од екипата на Скопје во новата сезона.
Петровска настапува на позицијата среден бек, и изминатата сезона беше во ол-стар тимот на Ф4 турнирот за кадетки, исто така беше и најдобар стрелец на овој турнир.

(фото – ЖРК Делчево)📷