Екипата на Металург Автокоманда, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига го продолжи договорот со актуелна ракометарка.
Станува збор за ракометарката Јана Ѓошевска, која и во следната сезона останува во Металург Автокоманда. Таа настапува на позицијата лево крило.
“Нашиот ростер го надополнуваме со нашето крило Јана Ѓошевска. Јана оваа сезона покажа карактер, одлични настапи и задоволни од нејзината форма Жрк Металург Автокоманда со задоволство го продолжи договорот и за следната сезона”, – објавија од ЖРК Металург Автокоманда.

(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷