Јасмина Попова го засили тимот на Чаир

Екипата на Чаир за продолжението од сезоната во Женската Супер лига, се засили со нова ракометарка.

Станува збор за десниот бек Јасмина Попова, која доаѓа од екипата на Скопје, и потпиша договор на две години. Попова беше дел и од составот на Вардар, Ѓорче Петров и Гевгелија.

“Гледајќи како се движат работите во последно време кај екипата на Чаир, се чини дека се работи за прилично добро организиран тим. Задоволна сум од условите и од начинот на кој се водеа преговорите. Можам да кажам дека раководните лица на ЖРК Чаир беа многу коректни со мене, кога е во прашање нивната понуда и условите, така да без многу двоумење прифатив да бидам дел од нивното семејство“, – изјави Јасмина Попова.

(фото – ЖРК Чаир)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести