Тимот на Јехона забележа победа на домашен терен против екипата на Кичево со високи 35-24 во натпревар од 7. коло од Првата лига.
Составот на Јехона и на полувреме имаше висока предност од 20-13, па така во второто полувреме продолжи со водството за на крај да слави против Кичево.
Најефикасен кај екипата на Јехона беше Адис Салиу со 14 гола, додека кај Кичево најефикасни беа Петар Стерјоски и Славко Бошковиќ со по 6 гола.
(фото – Рк Јехона)📷








