Јехона го изненади Младост во Првата лига

Составот на Јехона забележа победа против Младост 1977 Богданци со минимални 30-29 во натпревар од Првата лига.

Гостите од Богданци на полувреме имаа водство од 13-14. Во второто полувреме екипата на Јехона успеа да се врати, па на крај да слави против Младост 1977 Богданци.

Најефикасен во тимот на Јехона беше Виктор Марковиќ со десет погодоци, додека кај екипата на Младост 1977 Богданци најефикасен беше Ѓорѓе Атанасов со осум погодоци.

(фото – Рк Јехона)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести