Јехона го надигра тимот на Македонија Ѓорче Петров

Екипата на Јехона забележа победа против екипата на Македонија Ѓорче Петров со резултат 25-22 во 5. коло од Првата лига.

Иако на полувреме беше нерешено со резултат 11-11, сепак во второто полувреме Јехона успеа да направи предност и на крај да слави победа против Македонија Ѓорче Петров.

Најефикасни во редовите на Јехона беа Мојсие Тасески и Адис Салиу со по осум гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Бојан Чакалиќ со десет гола.

(фото – Рк Јехона)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *