Јехона го освои “Гостивар турнир 2023”

Екипата на Јехона, која го организираше “Гостивар турнир 2023”, го освои и се закити со трофеј.

Во финалето екипата на Јехона славеше против Ѓорче Петров со 25-24, додека третото место, односно бронзата ја освои екипата на Деспина, откако триумфираше против Вардар со конечни 28-26.

Полуфиналето Јехона го доби против Деспина со 22-18, додека Ѓорче Петров беше подобар од Вардар со резултат 34-28.

МВП на турнирот беше Мила Николоска од Јехона, додека најдобар голман беше Симона Спироска од Деспина, а најдобар стрелец беше Леона Миленковска од Вардар.

(фото – ЖРК Јехона)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести